Вардар го освои четвртото место во лигата на шампионите

 

Вардар го освои четвртото место во лигата на шампионите сезонава. Во мечот за бронза на Ф4 турнирот во Келн „црвено-црните“ загубија од ПСЖ со 28-29. Во својот втор настап на Ф4 турнирите во лигата на шампионите Вардар доби медал за учество, за освоеното четврто место. Во меч што беше реприза на ланското финале против ПСЖ дури во завршницата нашите момци ја загубија концентрацијата и на крајот повторно се поразени со еден гол, овојпат 28-29.

Од составот во полуфиналето сега ги нема Арпад Штербик и Јања Војводиќ, а деби на Ф4 турнирите имаат Даниел Ѓорѓески и Мартин Поповски. Поради повреда во игра не влезе ниту Илија Абутовиќ кој и на полуфиналето играше повреден. Игравме подобро од вчера, имавме постојано водство на моменти и неколку голови. Проблемите беа во нападот каде често имавме загубени топки. Страхиња Милиќ имаше своја вечер, сопре многу топки и беше лидер на одбраната.

Македа и Марсениќ погодија на почетокот на второто полувреме за водство на Вардар од 14-17, а на спротивната страна врати Конку. Премногу исклучувања имаа вардарци на почетокот на вториот дел, па Псж го искористи моментот и за брзо време ја стопи предноста на противникот. Ремили искористи една грешка, реализирајќи на празен гол за 20-20. Гол за гол се играше до 58.минута кога ПСЖ постигна два погодока преку Ремили и Генсхајмер за водство од 28-26, со што се приближи на чекор до бронзата. Во следниот напад Циндриќ ја загуби топката, а тоа значеше и крај на надежите на Вардар за бронза. На крајот Ремили со својот деветти погодок ја запечати судбината на Вардар.

Advertisement