На оваа средба тренерот Раул Гонзалез реши да не играат шестмина ракометари: Ангелов, Абутовиќ, Дервен, Рожерио, Чупиќ и Војводиќ. Отсуството на овие играчи и не се почувствува во играта. Само 20 минути траеше делумниот отпор на Металург. Гостите постојано ја форсираа играта „седум на шест” обидувајќи се на тој начин да добијат некоја предност кога се напад. Но, тоа многу не им помогна зашто во првото полувреме неколкупати ги прекинувавме акциите на гостите и постигнувавм елесни голови.
Одбраната на Вардар се покажа како клуч што постојано му носеше водство на тимот. Металург во 9 минута израмни на 5-5, а потоа Вардар постојано беше во водство. Во 21 минута Металург повторно намали на „минус 2″ за наше водство 13-11, а потоа со серија од 3-0 на Дибиров и Шишкарев поведовме со 16-11. Нашите момци покажаа разновидност во нападот, а борбеност во одбраната. Тоа им донесе предност од седум гола на полувреме, 20-13.
По само три минути играње во второт полувреме вардарци веќе имаа водство од десет гола, 23-13 најавувајќи дека не само што ќе победат, туку тој триумф ќе биде и убедлив. Гостите од Автокоманда единствено успеаја да намалат на „минус 8″, а во последните минути ја остваривме и највисоката предност од плус 13 гола, за триумд 38-25. Во екипата на Вардар најефикасен беше Тимур Дибиров со 8 гола, а Игор Карачиќ постигна 7. Арпад Штербик мечот го заврши со 12 одбрани.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
