Вардар му одржа лекција на Металург

 

Ракометарите на Вардар направија чекор до задржување на шампионската титула, откако во реванш средбата од домашниот плејоф го победија Металург со 38-25 (20-13). Сега сме израмнети со Металург на табелата, но имаме подобра меѓусебна гол разлика. До крајот на плејофот остануваат уште четири кола. Вардарци се пред освојување на 11 титула во домашното првенство што би бил трета титула по ред за „црвено-црните”. На првиот меч во Автокоманда, Металург победи со 29-26.

На оваа средба тренерот Раул Гонзалез реши да не играат шестмина ракометари: Ангелов, Абутовиќ, Дервен, Рожерио, Чупиќ и Војводиќ. Отсуството на овие играчи и не се почувствува во играта. Само 20 минути траеше делумниот отпор на Металург. Гостите постојано ја форсираа играта „седум на шест” обидувајќи се на тој начин да добијат некоја предност кога се напад. Но, тоа многу не им помогна зашто во првото полувреме неколкупати ги прекинувавме акциите на гостите и постигнувавм елесни голови.

Одбраната на Вардар се покажа како клуч што постојано му носеше водство на тимот. Металург во 9 минута израмни на 5-5, а потоа Вардар постојано беше во водство. Во 21 минута Металург повторно намали на „минус 2″ за наше водство 13-11, а потоа со серија од 3-0 на Дибиров и Шишкарев поведовме со 16-11. Нашите момци покажаа разновидност во нападот, а борбеност во одбраната. Тоа им донесе предност од седум гола на полувреме, 20-13.

По само три минути играње во второт полувреме вардарци веќе имаа водство од десет гола, 23-13 најавувајќи дека не само што ќе победат, туку тој триумф ќе биде и убедлив. Гостите од Автокоманда единствено успеаја да намалат на „минус 8″, а во последните минути ја остваривме и највисоката предност од плус 13 гола, за триумд 38-25. Во екипата на Вардар најефикасен беше Тимур Дибиров со 8 гола, а Игор Карачиќ постигна 7. Арпад Штербик мечот го заврши со 12 одбрани.