Вардар предаде над 260 книги на библиотеката во Хрватска

Над 260 книги на македонски јазик, кои Вардар ги собра преку донаторската акција, беа предадени на градската библиотека во Нашице, Хрватска. Иницијатовата за собирање на книгите произлезе од потребата да се збогати понудата со македонски наслови во библиотеката во Нашице, каде постои македонско читателско ќоше наменето за големиот број Македонци кои живеат во овој хрватски град. Акцијата беше во организација на Вардар и Нексе, со кои денеска во 19 часот во Нашице играме меч од СЕХА Газпром лигата.

Донацијата во библиотеката ја предаде оперативниот менаџер на Вардар Марко Савовски. „ Со ракометниот клуб Нексе имаме добри односи и соработка, и веднаш го прифативме нивниот предлог да направиме една акција со која ќе излеземе во пресрет на македонската заедница во Нашице. На последните два натпревари на Вардар секој посетител кој донесе книга доби две бесплатни влезници за натпреварите.

Успеавме да собере над 260 книги, од кои дел се од македонски автори, а дел се од светски автори кои се преведени на македонски јазик”, изјави оперативниот менаџер на Вардар Марко Савовски, кој ја прими и благодарницата за реализираната донација. Како најголем македонски спортски бренд Вардар со реализација на акцијата, во соработка со Нексе, потврди дека секогаш се грижи за своите навивачи, поддржувачи и пред сѐ сонародници без разлика каде и да се во светот.

Advertisement