Вардар убедлив против Горење

Вардар ја продолжува серијата победи во СЕХА лигата и на домашен терен беше совладан тимот на Горење од Словенија со 32-19 (12-11). Ова беше прв натпревар на Вардар пред домашна публика во новата сезона во која бранат титули на четири фронта меѓу кои и во СЕХА лигата.

За „црвено – црните” ова е осма победа по ред во СЕХА Газпром лигата за Вардар, деветта на домашен терен и трета против Горење во меѓусебните дуели.

Да не беше лошиот период од првото полувреме кога осум минути не постигнавме гол ќе можевме да кажеме дека тимот одигра одлично. Но, ако последните 20 минути од првото полувреме беа проблематични и со многу технички грешки, тоа не се случи во продолжението од натпреварот.

Само на почетокот на вториот дел Горење намали на 15-13, а потоа следуваше одлична игра со која зголемивме н а21-14 во 41 минута. Тоа беше навестување за нов триумф. И така продолживме до крај. Ја најде тренерот Раул Гонзалез седморката што може лесно да се справи со гостинските ракометари. Во,56 минута првпат имавме „плус 10″ за водство 29-19. На крајот победивме со 32-19.

Почетокот на натпреварот навестуваше дека Вардар лесно ќе се справи со словенечкиот вице првак, особено што поведе со 6-1 во 11 минута. Но, наместо да се зголемува или барем одржува таа разлика гостите почнаа да намалуваат. Постигнаа два гола во серија за намалување на 3-6, а потоа Борозан постигна гол во 14 минута за ново водство на Вардар, 7-3.

Вардар имаше лош период од осум минути во кои не постигна гол од 14 до 22 минута. Тогаш Горење не само што израмни, 7-7 туку и поведе со 7-8 преку Блаж Клец. Пото ауште двапати имаше израмнување на резултатот, пред Вардар да поведе со 11-9. Имавме шанса тоа да го зголемиме и на „плус 3″ но направивме техничка грешка, по што гостите пак намалија на еден гол. Во последната минита повторно наместо на заминеме со позитива од три гола, имавме напад, и пак погрешовме, а таа топка ја пресекоа играчите на Горење и од контра Рок Овничек намали на 11-12.

 

Advertisement