Варшава: Голем марш, запалено знамето на ЕУ

На учесниците на маршот по повод независноста на Полска, има се приклучија и ултрадесничарски групи од цела Европа , кои извикуваа националистички и расистички слогани.

Членовите на ултрадесничарската ,,Сеполска младина” го запалија знамето на ЕУ. Речиси сите учесници носеа знамиња на Полска , а голем број палеа и факели и фрлаа петарди. На чело на маршот беше претседателот Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки , додека војниците пред нив носеа огромен транспарент со напис ,, За тебе, Полска”.

За време на говорот на претседателот Дуда , беа запалени црвените фалеки , така што воопшто не можеше да се види .На сите згради , автомобили , автобуси и насекаде беа закачени знамиња , а голем број од насобраните положија цвеќе на споменикот на маршалот Јозеф Пилсудски , кој бил прв премиер и на денешен ден пред 100 години ја прогласил независноста на Полска.
Advertisement