
Македонскиот и преспанскиот херој Васил Јанкула организираше акција за собирање на новогодишни пакетчиња за децата во родно цело Туминец во Мала Преспа. При неговиот престој беа поделени новогодишни пакетчиња на децата, кои беа сплотени, а срцата преплавени со љубов. Васил Јанкула прокоментира: „Ако душата ти е голема, покажи ја, не ја стегај. Денес бев целосно исполнет, го посетив мојот роден крај, мојот корен и ја поделивме љубовта со овие деца. Нивната искрена душа не знаеше како да возврати од радост.

Денес поделивме многу среќа во село Туминец, Мала Преспа, заедно со здружението на самостојни уметници “Иднина на традицијата”, хуманитарната организација “Samaritan’s Purse“ со координаторите за Преспа, Драган и Билјана Манев, Адра, и Хумана Преспа. Со многу радост, солзи во очите, прегратки, аплаузи бевме пречекани од селаните на село Туминец, Мала Преспа како и од градоначалникот на Пустец, Пали Колефски. На сите им благодариме од се срце, што овој ден на сите нас ни го направија посебен ден“. Во оваа прилика, македонското население од Мала Преспа ја искажа својата благодарност и воодушевување од средбата со претсатвниците на македонските организации и особено, со преспанскиот херој Васил Јанкула.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden