Васил Стерјовски оствари официјална средба со министерот за правда на Македонија Бојан Маричиќ 

Денеска во Тирана во просториите на Парламентот на Албанија, Васил Стерјовски имаше официална средба со министерот за правда на Македонија Бојан Маричиќ. На средбата беа присутни заменик-министерот за правда Агим Нухиу и Македонскиот Амбасадорот во Тирана, Данчо Марковски. На средбата се разговараше за добрите меѓудржавни односи меѓу Албанија и Македонија, за потребата од 24-часовно работење на граничниот премин Џепиште-Требиште, во областа Голо Брдо. Стерјовски го информира министерот за правда на Македонија Бојан Маричиќ за положбата и правата на македонското национално малциство во Албанија.