
Задачата на уметникот е да го пронајде тоа равенство помегу комерцијалното, односно потребата музиката да се приближи до потребите и навиките на младите, но притоа делото, напишано пред 200, или 300 години да не изгуби од својот квалитет и својата автентичност и класичното пеење. Вака, на денешната прес конференција, балканската дива Инва Мула, го најави вечерашниот концерт во „Света Софија“, каде ќе настапи заедно со нејзината колешка од Македонската опера и балет, сопранистката Дешира Ахмети и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, во пијано придружба на Генц Тукичи. Мула додаде дека тој посакуван спој, досега го постигнал, на најубедлив начин, Павароти.
Мула, но и останатите изведувачи нагласија дека се почестени од настапот на „Охридско лето“, манифестацијата која веќе шест децении ја слави уметноста, а нејзиниот татко, како и таткото на Тукиќи во 1970 година. Охрид е уникатно место, на само на Балканот, туку во светски рамки. Поседува особена енергија, а 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ само го потврдува мојот став дека луѓето тука водат сметка за музиката, за уметноста. Сум настапувала тука неколкупати, но беше мошне одамна. Се уште ги чувам спомените за концертите во „Света Софија“, така што се надевам дека и вечерва ќе биде запаметена, како во мојата глава така и во сеќавањата на публиката, рече Мула.
Мула ќе настапи во пијано придружба на албанскиот пијанист Генц Тукичи, а неколку точки во рамки на концертот ќе изведе заедно со Дешира Ахмети и Ѓорѓи Цуцковски, што според неа е доживување плус оттаму што дава можност да се создаде синергија со други гласови, да се добие квалитет повеќе.
Мула вели дека нејзината соработка со Тукичи е подолга од две децении, а според неа, акустиката на катедралната црква „Света Софија“ само ќе даде квалитет повеќе на вечерашниот концерт.
Тукичи, кој предава во Париз и Сан Петесбург, за прв пат настапува пред охридската публика.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden