Вечерва почнува Евровизија 2017 во Киев

Вечерва во Киев започнува 62-то издание на Песна на Евровизија, а ќе настапат вкупно 42 земји. На првата полуфинална вечер ќе настапат 18 земји: Шведска, Грузија, Австралија, Албанија, Белгија, Црна Гора, Финска, Азербејџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Исланд, Чешка, Кипар, Ерменија, Словенија, и Летонија.

На втората полуфинална вечер, закажана за 11 мај, ќе настапат: Македонија, Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел. Нашата Јана Бурческа настапува трета по ред на втората полуфинална вечер.

Ова е вторпат Украина да биде домаќин на натпреварот, претходниот пат беше домаќин во 2005 година. Португалија и Романија се вратија по отсуството во 2016 година, Босна и Херцеговина се повлече од натпреварот поради финансиски проблеми, а Русија поради забрана за влез во Украина на нејзините претставници.

 

 

Advertisement