Верници од Македонија однесоа резбан крст со молитва на македонски во Ерусалим

За прв пат во Ерусалим стои  крст на кого е испишана молитвата Оче Наш на македонски јазик. Крстот во светиот град  го однесоа петмина струмичани кои заедно уште со педесетина македонски верници таму ја чекаат објавата на  веста за Воскресението Христово. Крстот е изработен од ореово дрво старо дваесетина години донесено од беровско. Резбата и пишувањето на молитвата на македонски јазик биле во Струмица и траеле околу две недели. Единствената цел била да однесат нешто од нашата земја таму и на тој начин да ги пренесат молитвите за целиот македонски народ.

Верницците кои присуствуваа и на  слегувањето на благодатниот оган велат дека тешко може да се најдат зборови со кои може да опишат како е да се биде дел од овој голем настан.

Чесниот крст на кого стои молитвата Оче Наш на македонски јазик за сега останува во Ерусалим, но не е исклучена можноста во догледно време истиот да биде донесен назад. Инаку 55 те верници не се единствените од Македонија кои годинава присуствуваат во Ерусалим.  За прв пат по благодатниот оган таму отиде и епископ од МПЦ -ОА. Епископот Стобиски Јаков е тој кој директно од Ерусалим  благодатниот оган го носи во  нашата држава.

 

Advertisement