
Србија нема да му додели дипломатски статус на Руско-српскиот хуманитарен центар на аердромот во Ниш, тврди опозицијскиот весник „Данас“, повикувајќи се на свои извори во врвот на српската власт. Според весникот, во сила останува одлуката од 2014 година со која овој хуманитарен центар во Ниш не доби дипломатски статус.„
„Данас“ од државниот врв не успеал да добие потврда на информацијата дека српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата во Москва со шефот на руската држава Владимир Путин разговарале да се изнајде компромисно решение, кое би подразбирало доделување на специјален статус за рускиот персонал, но не и за транзит на стоки, што според весникот, всушност е и единствен проблематичен аспект на ова прашање и за ЕУ и за САД.
Значењето од добивањето на специјален карактер за транзит на стоки, според што би се создала можност за слободно и без каква било, проверка на влез и излез на стоки низ Србија, е пресудно и за руската страна, па според тоа, весникот смета дека е тешко да се претпостави дека такво решение ќе биде прифатено. Барањето за непречен транзит на стоки, според „Данас“, ја наметнува претпоставката дека целта на овој Центар е да прерасне во „разузнавачки центар“ или пак во таа насока понатаму да се развива, за што повеќе пати посочуваа и официјални лица од НАТО.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden