Весникот на Македонците во Бугарија “Народна Волја” се заблагодарува на ММДЧП за непроценливата поддршка

Ние, Македонците, многу често страдаме од патриотско празнословие. Големите зборови и планови немаат крај, како и критиките кон оние што работат. Ние од редакцискиот колегиум на „Народна волја“ тоа многу добро го знаеме. Го знаеме на свој грб. Критики колку сакате, а помошта е многу ретка. Патриоти на зборови има многу, но малкумина се оние кои се патриоти и по своите дела. Такви ретки патриоти на дело се нашите сонародници од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), во Канада, со претседател Бил Николов. Тие целосно го заслужија звањето пријатели и покровители на „Народна волја“.

Многу од нашите читатели не знаат за тревогите преживеани од редакцијата на весникот и дека без помошта на ММДЧП тој ќе сопреше уште пред три години. Веќе три години „Народна волја“ излегува скоро исклучиво благодарение на патриотизмот и дарежливоста на нашите пријатели од ММДЧП. За тоа им должиме благодарност не само ние во редакцијата и не само Македонците во Пиринска Македонија и Бугарија – чиј единствен весник се јавува нашиот весник. Ним им должат благодарност и сите Македонци и патриоти по светот.

Можеме само да се надеваме за доброто на целиот македонски народ дека организации како ММДЧП ќе продолжат не само да постојат и да дејствуваат, но и дека ќе се прошируваат и засилуваат, добивајќи ја поддршката на сите Македонци! Ја користиме можноста јавно да им се заблагодариме и да им посакаме многу успеси и среќа во следната 2018 година! Бидете се така пример за следење, инспирација и надеж на сите патриоти! – стои во сопштението на Редакциски колегиум на „Народна волја“.