Виртуелната валута „Bitcoin“ достигна нов рекорд

 

Виртуеланата валута „Bitcoin“ која важи за парична единица без банка и држава се зголеми на 2400 долари и достигна нов рекорд. Вредноста на еден „Bitcoin“ денес се искачи до 246 долари и достигна највисока вредност. Пазарната вредност на виртуелната валута „Bitcoin“ изнесува над 40 милијарди долари.

На тој начин, денешната вредност на еден „Bitcoin“ се зголеми за 8,5 насто и од нова година наваму постигна вкупен раст од 147 насто. Експертите истакнуваат дека политичката неизвесност во САД и загриженоста од сајбер безбедноста ја зголемија побарувачката кон виртуелната валута „Bitcoin“ која може да се троши само дигитално во интернет средина.

 

Advertisement