
Нискобуџетската компанија „Визер“ денеска соопшти дека ќе воспостави авионски линии кон четири дестинации од земјава до Италија, Германија и Данска, меѓу кои од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија.
Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од скопскиот и охридскиот аеродром и ќе ја потврдат заложбата на авиокомпанијата да им понуди на македонските патници летови до различни дестинации – велат од компанијата.
Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе започнат со работа благодарение на распределбата на петиот авион на компанијата во базата во Скопје.
Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември 2021.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden