Владата на Македонија прифатен Предлог – законот за ратификација за основање културно – информативен центар на Македонија во Тирана  

На денешната седница беше прифатен и Предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање на Културно-информативни центри во Република Македонија и Културно – информативни центри во Република Албанија. Со спогодбата се воспоставува правна рамка за основање на културно – информативни центри, преку кои уште повеќе ќе се интензивираат релациите во сите дејности од областа на културата, презентација и афирмација на културите на двете земји, како и институционално поврзување на субјектите од Република  Македонија и Република Албанија што би резултирало со голем број на заеднички проекти и иницијативи. Отворањето на културните центри ќе придонесе за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на Република Македонија, ќе овозможи навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави и ќе претставува мост за зближување и заемно запознавање меѓу народите.