Владата на Словачка објави: Фицо е во животна опасност (ВИДЕО)

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, денеска бил застрелан во Хандлова каде што се одржувала седницата на владата. Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде што ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува „Гардијан“.

Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како обезбедувањето го внесува ранетиот Фицо во автомобил.

Тој е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава. Министерството за внатрешни работи на Словачка соопшти дека се работи за атентат. Местото каде што се случило пукањето е обезбедено, а за другите членови на владата се грижеле полицајци и обезбедувањето.

Напаѓачот е уапсен на самото место. Неколку минути по пукањето, на интернет се појави видео на кое се гледа како полицијата го апси човекот што пукаше кон Фицо. Ва видеото се гледа како петмина полицајци во општиот метеж и паника го апсат напаѓачот.

Advertisement