Владо Макеларски (1919 -1993) Македонец од Албанија првоборец, носител на Партизнска споменица 1941 година

Владо Макеларски е роден во село Маќелари, Албанија во 1919 година. Основно училиште завршил во Дебар. Во 1936 година се преселил со родителите во Скопје, под влијание на неговиот колега и неговиот брат, кои биле комунисти, тојстанал член на Унијата на комунистичка младина на Југославија во 1941 година. Подоцна станува член и на КПЈ. За својата активност и влог во историјата на својот народ бил прогласен за првоборец и носител на Партизанска споменица од 1941 година. По ослободувањето бил член на Земскиото дборна ССМ и директор на Фабриката за керамика „Југ“ во Скопје. Ја прифатил Резолуцијата на Информбирото во 1948 година, поради што бил испратен на Голи Оток.  Умирана 29 јануари 1993 година во Скопје.