ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата за претстојните избори

Проектот „Обнова на Македонија“ опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од врвни експерти од земјава и странство, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја претстави програмата „Обнова“, со која оваа партија ќе настапи на изборите кои треба да се одржат на 15 јули, а веќе од вечерва на полноќ започнува предизборната кампања. Мицкоски на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии и напиша дека програмата „Обнова ќе донесе повеќе за секого.

„Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква каква што сакаме да ја имаме. Следува период на нова надеж, нов исчекор каде ќе покажеме дека не сме сите исти и дека сме различни од нив.

Проектот „Обнова на Македонија“ опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од врвни експерти од земјава и странство, таа е базирана на директни потреби на граѓаните, кои ја синтентизираат нашата визија во работи со конкретни рокови кон кои јас како човек и мојот тим се обврзуваме дека ќе ја исполниме“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Dienstag, 23. Juni 2020

Advertisement