ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

На сите наши сограѓани Албанци им го честитаме 22 Ноември, Денот на aлбанската азбука. Денес пред 115 години во Битола, која тогаш била седиште на Битолскиот вилает на Отоманската Империjа кој опфаќал во себе територии од денешна источна Албанија за првпат е унифициран албанскиот јазик на основа на неговиот Елбасански дијалект, тоа го направиле писатели, учени дејци на кои Албанците и денес се горди. Во тие важни моменти за нивното постоење Македонија и македонскиот народ како нивни соседи и сограѓани секогаш сме биле нивни пријатели, и тоа пријателство трае до ден денес. – стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement