
Албански обвинител побарал внукот на Енвер Хоџа и осуммина негови соучесници да бидат осудени поради шверц на кокаин. Обвинителот побарал од судот во Тирана Ермал Хоџа да биде осуден на 13 години затвор, а останатите, меѓу кои и двајца Колумбијци, да добијат казна затвор од 13 до 15 години.
Хоџа и останатите обвинети беа уапсени во јануари 2015 година под обвинение дека формирале криминална група за производство и шверц на кокаин за западноевропски земји. Полицијата кај нив заплени 120 килограми дрога, пари и оружје.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden