Во Албанија 539 заразени од „Ковид-19“, 283 излекувани, 26 починати, тестирани 5080

Во последното деноноќие во Албанија новозарзени со „Ковид-19“ се 21 лице што е за три помалку споредено со вчера. Според директорката на Инситутот за јавно здравје Албана Фицо, со новодиагностицираните вкупната бројка на заразени во земјата се зголемил на 539 лица. -Во последните 24 часа тестирани се 253 сомнителни случаи при што позитвен резултат има кај 21 лице. До сега тестирани се 5.080 случаи а позитивни на косорнавирусот се 539 лица.

Во последното деноноќие оздравени се шест пациенти или вкупно до сега 283. До денес починати се 26 лица,-рече Фицо.Додаде дека за првпат лица заразени со новиот опасен вирус се регистрирани во општина Курбин. Според неа во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 43 пациенти, од нив осум се на интензивна терапија, додека четворица интубирани. Инаку, според новата одлука на Владата,наместо во сабота,како до сега, за време на викендот полицискиот час почнува денес во 17:30 и ќе трае до понеделник во 5:00 часот.