
Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 15 ново зарзени со „Ковид-19“, оздравени се девет, починати нема. Во последните 24 часа тестирани се 259 сомнителни случаи,од нив 36 здравтсвени работници, кај кои има негативен резултат. Од вкупно тестираните, со „Ковид-19“ диганостицирани се 15 лица или за 14 случаи помалку споредено со вчера.
Од почетокот на март до сега тестирани се 6.768 сомнителни случаи и потврдени се позитивни 678, односно околу 10 отсто од вкупниот број тестирани случаи,изјави Еугена Томини, од Институтот за јавно здравје. Додаде дека во текот на последното деноноќие на списокот на оздравени се додадени уште девет пациенти со што бројот на оздреавени се зголемил на 394 или 58,1отсто од вкупно заболените.
Во моментов во нашата земја 257 лица или 41,9 отсто од вкупно погодените се активни со „Ковид-19“ и како што се гледа, процентот на закрепнување е поголем. Овој тренд продолжува да биде стабилен. За жал битката со опасниот вирус до сега ја загубија 27 пациенти,- рече Томини. Посочи дека во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 38 или четворица пациенти повеќе споредено со вчера. Од нив осум се на интензивна терапија од кои четворица во тешка состојба.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden