Во Албанија има нова судска мапа – од пет остана само еден Апелациски суд

Во Албанија денеска стапи во сила новата судска мапа, со која, меѓу другото, петте апелациски судови се спојуваат во еден и тој ќе функционира во Тирана.

Апелациските судови во Скадар, Валона, Драч, Корча и Ѓирокастро повеќе не функционираат, останува само по една канцеларија за информирање на граѓаните. Во овие канцеларии ќе работат тројца граѓански судски службеници, а граѓаните ќе можат само да поднесуваат барања, јави Топ чанел.

Според истиот извор на 21.000 нерешени предмети во Апелацискиот суд во Тирана, се додаваат уште 11.000 од областите, со што бројот на нерешени предмети изнесува 32.000.

-Со новата мапа се предвидува да функционираат вкупно 16 судови, од нив 13 првостепени, еден Апелациски суд и два Управни суда. Тоа значи шестте апелациски судови останува само еден и тоа во Тирана, од пет управни судови остануваат само два, во главниот град и во градот Лушња, додека основните судови од 22 колку што беа, од денеска се само 13, додава телевизијата.

Над две илјади адвокатите беа против новата судска мапа, изработена од Врховниот судски совет, со недели ги бојкотираа судските рочишта а одржаа и протести.

Advertisement