Во Албанија почнува школската година

Во Албанија денеска почнува новата учебна година, а со тоа стапува во сила одлуката на комитетот на експерти за справување со пандемијата, според која наставниот кадар мора да поседува сертификат за вакцинација или негативен тест, што треба да го прават еднаш неделно.

„А од 11 октомври тоа важи за студентите. Алтернативата за немање сертификат за вакцинација ќе биде неделниот тест или алтернативна настава за невакцинирани студенти.

Зголемениот интерес во текот на отворените месеци за вакцинација довело до над 80 отсто од наставниот кадар во основните и средните училишта да е вакциниран со една доза и над 60 отсто со две дози.

„Од почетокот на вакцинацијата, вкупно се вакцинирани 1.683.644 граѓани од нив 754.020 со двете дози. Покрај во вакциналните пунктови и здравствените амбуланти, вакцинацијата е во тек и на секој универзитет во земјата

Advertisement