Во Албанија пристигна првата група на Авганистанци

Првата група Авганистанци, 121 од нив, пристигнаа во Албанија рано утрово, а на аеродромот беа пречекани од албанската министерка за надворешни работи, Олта Џачка, како и американскиот амбасадор во Тирана, Јури Ким. Според извештаите, тие пристигнале во три часот по полноќ, а станува збор за авганистански државјани кои работеле за американската мисија во таа земја. Тие прво ќе бидат прегледани од лекари од Институтот за јавно здравје, а потоа ќе бидат префрлени во Драч, Тирана и други градови во Албанија. Се наведува дека тие ќе останат во Албанија додека не добијат виза за САД.