
Во Албанија во 2022 година повеќе нема да функционира отворениот шалтерски систем и сите услуги ќе се вршат преку онлајн платформи, најавипремиерот Еди Рама.
Тој предупреди на финансиски санкции за одговорните во релевантните сектори, кои намерно ќе ги одложат одговорите на граѓаните.
Има стотици луѓе кои се таму да се справат со вашето барање, според областа, новиот сервисен систем е таков што на компјутерски начин со црвена ознака ги прикажува сите случаи кога граѓаните се пријавиле и рокот доколку е прекршен. Во тој момент шефот, министерот, владата дознаваат дека на граѓанинот Х од село Y не му е испочитуван рокот. Во тој момент започнува истражната постапка, по што ќе следуваат санкции, дообјасни тој.
Додаде дека поддржувачкиот елемент и на службите и на платформата е антикорупциската единица што веќе е формирана.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden