Во чест на Македонката Загорка Шуке (р. Канефче) (14 јули 1914, Охрид – 17 јануари 2000, Поградец)

Дниве се навршуваат 22 години од смртта на една од најпознатите актерки од Поградец, Загорка Шуке, родена Канефче. Македонката Загорка Шуке (р. Канефче) е родена во македонскиот бисер Охрид, на 14 јули 1914 година. На нејзини 14 години, заедно со семејството, Загорка го напуштила Охрид и се преселила во градот Поградец.

Претходно, нејзиниот татко како професионален рибар заминал за Поградец во 1926 година со цел да подучува младинци на рибарскиот занает и да заработува за своето семејство. После преселбата во Поградец, Загорка била забележана од учителскиот кадар како талентирана девојка во областа на уметноста. Поради тоа, после завршувањето на основното училиште се запишала во Женското училиште во Тирана. После неговото завршување, таа повторно се вратила во Поградец каде продолжила со негување на својот културен развој.

Важно е да се каже дека Загорка била првата жена што учествувала во Аматерскиот театар на градот играјќи многу улоги со Пиро Џечи, Панди Анѓели, Паско Жико, Копи Амбон итн. Нејзината уметност била забележувана од бројни актери и други учесници во театрите. Во 1962 година, после создавањето на професионалната естрада, таа станала професионална актерка, а така било додека не се пензионирала.

Загорка има учествувано и во албански филмови, како што се филмот „Капедани“, каде ја одихрала улогата на сопруга на чичко Суло. Бројни се нејзините улоги кои ги памети публикатам како оние во филмовите „Утринска војна“, „Патишта што го бараа сонцето“, „Дамите од градот“, „Првиот ден на закажување“ и други. Загорка Шуке од страна на Општинскиот совет на град Поградец била прогласена за „Гордоста на градот“. Починала на 17 јануари 2000 година во градот Поградец./Никола Ѓурѓај

Advertisement