Во езеро во Турција е откриена древна црква (ВИДЕО)

На дното на турското езеро Изник е пронајдена древна црква од средниот век. Се смета дека црквата под површината на водата се наоѓала повеќе од 1,600 години. Се претпоставува дека е изградена околу 390 година и моментално се наоѓа на околу десет метри под површината на водата, на 160 метри од брегот на езерото. Откриената црква е една од најзначајните во историјата на Христијанството, затоа што е пронајдена во реонот на историскиот град Никеја, каде што пред 325 години била усвоена христијанската религија. Земјотрес во 740-та година делумно ја уништил црквата и таа подоцна потонала под површината на езерото.

 

Advertisement