Во Германија формиран прв турски универзитет

 

Берлинскиот Интернационален Универзитет кој претставува огранок на  Истанбулскиот Универзитет Бахчешехир (БАУ) од Научниот совет на Германија (Wissenschaftsrat) кој претставува надлежна Високобразовна установа на оваа земја се стекна со потребната институционална акредитација и стана прв турски универзитет во Германија.

Берлинскиот Интернационален Универзитет (БАУ) формиран во 2014 година во Берлин во рамките на образовната мрежа на БАУ Глобал со стекнување на институционалната акредитација од Научниот совет (Wissenschaftsrat) истовремено се регистрира меѓу образовните институции на оваа земја.

Универзитетот Бахчешехир со првите активности започна во 2012 година во Берлинскиот кампус, додека од 2014 година наваму во рамките на образовната мрежа на БАУ Глобал функционира како БАУ Интернејшнл Берлин. Тоа е прв турски универзитет формиран во Германија согласно законите на оваа земја и со стекнување на акредитацијата од Научниот совет беше регистриран меѓу универзитетите на Германија.

Турскиот Берлински Интернационален универзитет кој успеа да се регистрира меѓу 465-те универзитетите на Германија располага со 375 студенти од 66 различни земји. На факултетите за графика и менаџмент се наоѓаат оддели како што се вантрешна архиртектура и уредување, дизајн на производим графика и дизајн на визуелна комуникација, менаџмент, управување со човечки ресурси, дигитален менаџмент и програми за бизнис администрација. На Сите 7 оддели наставата се одржува на англиски јазик.