Во Германија обвинет Косовец за помагање на Исламска држава

Во Германија е обвинет маж од Косово за поддршка на екстремистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија. Федералните обвинители денеска соопштија дека на почетокот на овој месец во Хамбург е обвинуваат Хасан Б од Косово. Во соопштението се наведува дека осомничениот се наоѓа во притвор од јуни, кога бил уапсен.

Обвинителите соопштија дека Хасан Б. бил обвинет на 4 декември за поддршка на странска терористичка организација. Тој е обвинет дека 11 пати праќал пари на борците на ИД во Сирија во текот на 2016 и 2017 година.Тој исто така е обвинет дека му дал пари на македонски државјанин во 2015 година за да му помогне да патува за Сирија и да се бори на страна на Исламската држава. Обвинет е и за ширење на пропаганда на Фејсбук за екстремистичката група.

Од 2012 година, околу 400 граѓани од Косово заминале во Сирија и во Ирак да се борат на страната на групата Исламска држава. Десетици од нив се убиени.

Advertisement