
Во општина Пустец денеска почнаа активностите по повод одбележувањето на Денот на македонскиот јазик и 100 годишнина од раѓањето на великанот Блаже Конески, кои продолжуваат и во текот на утрешниот ден. Во селото Глобочани во музејот посветен на познатиот албански писател со македонско потекло Стерјо Спасе, кој е родум од ова малопреспанско село беше одржана тркалезна маса, посветена на ликот и делото на Блаже Конески.
На овој настан присуствува државниот секретар на Министертвото за надворешни работи, Зоран Попов, претседателот на советот за македонски јазик Људмил Спасов, амбасадорот Данчо Марковски, пратеникот во албанскот парламент Васил Стерјовски, професори од Институтот за македонски јазик и директорот на културно информативниот центар Златко Ориѓански како и претставници на локалната самоуправа на Пустец, преводени од градоначалникот Пали Колефски, информираа од македонската амбасада во Тирана.

Исто така денска во учлиштето „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“ во Пустец почна дводневен семинар за македонски јазик за наставниците од училиштата во Мала Преспа.
Професори од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ држат предавања од дијалектно, историско, ономастичко, лексичко и современи дополнувања на современиот македонски јазик, наведуваат од амбасадата.
Организатори на настаните се Министерството за надворешни работи на Република Македонија, амбасадата и културно информативниот центар во Тирана, во соработка со општина Пустец, друштвата на Македонците во Албанија и пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјоски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden