Во Ирак Божик прогласен за државен празник

 

Ирачката Влада усвои закон со кој 25 декември – Божиќ, се прогласува за државен празник во целата земја  како што изјави претставник на Владата. Од Владата беше изгласан и амандман на законот за државни празници во земјата, според кој Божик е празник за сите Ирачки жители, а не само за христијанската заедница, како што беше децении наназад. „Среќен Божик на сите христијански жители, на сите жители на Ирак и на сите оние што го слават овој празник во светот“, гласеше честитката на ирачката Влада. Пред освојувањето на Ирак во 2003 година, имаше околу 1.4 милиони христијани во земјата. Сепак нивната бројка се намали на само 300 000, откако стотици илјади ја напуштија земјата, принудени од насилството и нападите на разни терористички групации низ годините.