Во Корча денеска ќе се одржи Четвртиот конгрес на Македонска алијанса за европска интеграција

Денес во Корча во Република Албанија ќе се одржи Четвртиот конгрес на единствената Македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција. Околу 120 делегати од цела Албанија ќе усвојат ивештај за работа на Македонската партија за периодот 2019-2023 година и ќе ги изберат нејзините органи за наредниот четиригодишен мандат од 2023-2027 година. На Конгресот ќе присуствуваат претставници од округот Корча и на Влашката заедница, Ромската заедница и Еѓиптјанската заедница во Албанија.

На Конгресот е најавено присуството на министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски, делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, делегација на Виножито предводена од Павле Воскопулос, делегација на Светскиот Македонски Конгрес предводена од претседателот Тодор Петров, делегација на Македонското здружение Кочо Рацин од Белград, Србија предводена од претседателката Лидија Демниева, делегација на Матицата на иселениците од Македонија предводена од претседателот Иван Џо Петрески, делегација на Македонското меѓународно движење за човекови права предводена од Славко Манговски, делегацијата на Македонската Обединета Дијаспора предводена од претседателот Методија Колоски, делегација на ИНТЕГРА, делегација на Македонската Горанска заедница од Косово предводена од Аце Димоски, македонска делегација од Пиринскиот дел на Македонија, и понарешен амбасадорр на Македонија во Албанија Ристо Никовски.

Д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни ќе ја промовира книгата “Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име“!

По свечениот дел, работниот дел ќе го усвои извештајот за работа за периодот 2019-2023 и ќе изврши избор на претседател на партијата, генерален секретар на партијата, потпретседатели на партијата и надзорен одбор на партијата.

Конгресот ќе донесе Резолуција за унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија, како и резолуција за изградба на спомен-обележје на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев на истоимениот плоштад средсело Пустец.

Најавена е повторна кандидатура на актуелниот претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски и за наредниот четиригодишен мандат 2023-2027 година.

 

Advertisement