Во Мелник собир во чест на великиот македонски водач Јане Сандански

По повод годишнината од убиството на великиот македонски водач Јане Сандански во Мелник, Бугарија се одвива собир, одганизиран од ОМО “Илинден”-Пирин. Полицијата ги запираше сите автобуси, конфискуваа знамиња и постер, ги проверуваат и сликаа личните карти. Присуствуваат над 100 униформени и цивилни полицајци – информираат од ОМО “Илинден”-Пирин
На собирот збореше внук на Јане Сандански. Поради своите идеолошки погледи, убиен е на 22 април 1915 година, а неговиот гроб се наоѓа до Роженскиот манастир во Бугарија. Секоја година на неговиот гроб се одржува традиционално семакедонско чествување. Остануваат запаметени неговите зборови: „Да живееш значи да се бориш: робот за слободата, а слободниот – за совршенството“.