Во рудник кај Пешкопеја загинаа тројца рудари

Во рудникот во селото Селиште, Пешкопеја, животот го загубија двајца рудари и еден инжињер. Нивните безживотни тела се извлечени утрово, по 48 часа, од последниот контакт со нив. Според полицијата животот го загубиле инжињерот Исмаил Хоџа (64) жител на Пешкопеја и рударите Фатос Ческу (55) и Ружди Рушити (33) и двајцата од Булќиза. Првичните сознанија наведуваат на тоа дека смртта нјаверојатно настапила од задушување со гас. Истрагата продолжува за целосно расветлување на причните за оваа трагедија.