Во Тирана одбележан денот на независноста на Македонија

Вчера во просториите на Македонскиот културно информативен центар во Тирана, Амбасадата организираше пригодна прослава на 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија. На прославата, меѓу поканетите гости, присуствуваа и претставници од Македонското национално малцинство, македонските друштва, македонската бизнис заедница, но и новодојдените фудбалери кои настапуваат во албанските фудбалски клубови.

Во својот пригоден говор амбасадорот Марковски истакна дека патотн по кој чекориме не бил и сéуштене е лесен. Но, како што гледаме, во изминатите 31 година успеавме да ги надминеме темните предвидувања и разните црни сценарија. Обезбедивме стабилност и создадовме услови за натамошен просперитет. Горди сме што сме земја членка во многу меѓународни организации, горди сме што сме членка на НАТО и среќни сме што го започнавме процесот на преговори со ЕУ. Ова е потврда на нашата одлука да бидеме дел одз ападната култура, каде што отсекогаш природно сме припаѓале.

Потенцираше дека односите со Република Албанија ги градиме врз основа на меѓусебно почитување и пријателство, истакнувајќи дека соработката во областа на економијата, трговијата, културата и другите сфери од заеднички интерес се во нагорна линија.

Етаблираноста на македонското национално малцинство во албанската држава и албанскиот народ во македонската држава се нераскинливата тангента што не поврзува.

Advertisement