Вооружени напади во Чикаго 8 загинати

Во Чикаго инаку познат во американската јавност како „град на криминалот“ во вооружени напади во изминатиот викенд загинале 8 лица а 54 биле ранети. Полицијата на Чикаго соопшти дека изминатиот викенд од крајот на работното време во петокот па се до доцните часови во неделата во меѓусебни вооружени престрелки загинале 8 а ранети биле 54 лица.  Инаку од почетокот на годинава до денеска во вооружени напади во Чикаго животот го загубиле 422 лица а 1,013 биле ранети, се подвлекува во соопштението.

Advertisement