Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Бугарската црква не може да биде Мајка Црква на други балкански цркви

Само Вселенската патријаршија може да биде мајка црква на балканските цркви, им кажал вселенскиот патријарх Вартоломеј на професорите и студентите од Православниот богословски факултет во Скопје, Република Македонија на нивната средба во Истанбул. Според него, Бугарската црква не може да помага на други цркви да го решаваат својот статус, туку тоа треба да оди преку Вселенската патријаршија. На професорите и студентите им порачал дека секогаш се добредојдени кај него и оти смета на нив како на идна генерација теолози и свештеници во зајакнувањето на православието и односите со соседните народи и православни цркви.

Advertisement