Втора победа на Македонија во квалификациите за ЕП 2020

 

Вечерва забележана втората победа на Македонската сениорска репрезентација против репрезентацијата на Исланд. Во еуфорична атмосфера, преполна сала се одигра натпреварот помеѓу Исланд и Македонија во Рејкјавик. Исланд имаше водство во поголем дел од првото полувреме. Поведоа со 5-2, 8-4, 12-9, но Македонија со серија од 4-0 го презема водството (13-12). До крајот на првиот дел се играше израмнето, на полувреме се замина со резултат 17-17.

Македонскиот тим во вториот дел во еден период одново беше во минус (20-22), но успеавме да се вратиме. Во последните десет минути имавме водство од 26-24, но домашните стигнаа до израмнување, 28-28 и потоа продолжи игра гол за гол во која и Исланд имаше предност. На 11 секунди пред крај на натпреварот за Македонија беше досуден седмерец. Манасков го промаши, односно Густавсон одбрани, но топката одново се одби до Манасков, а од втора шанса беше прецизен и ни донесе победа (33-34).

Следен натпревар од квалификацискиот циклус за ЕП 2020 е против репрезентацијата на Исланд на 14.04.2019 година (недела) во 20:00 часот.

Advertisement