Втора семакедонска средба за обединување на Македонската заедница во Швајцарија

Во организација на Македонската православна црковна општина “Свети Наум Охридски“ од Тринген под претседателство на Ванчо Соларов, Македонската православна црковна општина “Сите Македонски Светители“ од Лозана под претседателство на Дејан Аџијоски и Македонската православна црковна општина “Света Богородица“ од Локарно под претседателство на Трајко Ковачев, на 7 мај 2017 година во Берн, со почеток во 16.00 часот на Waldeckweg 2, 3053 Münchenbuchsee, ќе се одржи Втора семакедонска средба за помирување и обединување на Македонската заедница во Швајцарија.
Ова е втора средба во организација на македонските православни црковни општини после првата која се одржа на 25 март 2017 година во Тринген. Претставниците на македонските православни црковни општини и македонските друштва и организации ќе ги анализираат ефектите од претходно заеднички усвоената декларација за унитарна и заедничка, единствена и обединета Македонија, со цел семакедонско помирување и обединување во една и единствена Македонска заедница во Швајцарија.
Организаторите се надеваат дека на оваа втора семакедонска средба ќе биде формирано Координативно тело за обединување во една и единствена Македонска заедница во Швајцарија. Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки за работата на Втората семакедонска средба во Швајцарија и го охрабрува обединувањето на македонските друштва и организации во една и единствена Македонска заедница во Швајцарија.

Advertisement