За девет месеци Албанија ја посетиле над 6,4 милиони странски туристи

Во периодот јануари-септември годинава, Албанија ја посетиле над 6,4 милиони странски туристи, што претставува зголемување од 31,8 отсто споредено со 2021 година јавија албанските медиуми, повикувајќи се на официјалната статистика објавена денеска.

Околу 6 милиони од посетителите за цел на посетата изјавиле дена е туризам или посета на роднини. Најголем раст е забележан кај посетителите од Шпанија, кои годинава се четирипати побројни во однос на минатата година. Двојно поголем е бројот на туристите од Велика Британија.

Во септември во Албанија влегле 1,2 милиони албански и странски државјани, што е за 52,2 отсто повеќе од 2021 година. Од нив 761.544 биле странски државјани или 54,1 отсто.

Податоците на албанската централна банка покажуваат дека странските туристи во земјата во првите шест месеци од годината потрошиле 1,13 милијарди евра, што е за 64 отсто повеќе од 2021 година.

Advertisement