За првпат македонското движење на сесија на Советот за човековите права на Обединетите нации

 

Од 27 февруари до 24 март годинава во Женева се одржува 34 сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, посветена за елиминација на расната дискриминација во светот. За првпат во историјата на македонското движење, на сесија на Советот за човековите права на Обединетите нации во Женева присуствуваше делегација на здружението “Македонската дијаспора” од Лозана, користејќи ја можноста јавно да се произнесе пред членките на Обединетите Нации во Женева за македонското прашање воопшто, потпомогнати од “братски” здруженија кои, исто така, ја делат истата судбина како и Македонската. Македонците ги претставува Златко Николовски и Драган Стоиловски.

Ние успеавме да се наметнеме во групата на невладини здруженија и да си го кажеме своето за македонското прашање. Добивме прави во неколку минути, да ја пренесеме македонската голгота. Ги информиравме членките на Обединетите Нации за нашата загриженост со состојбите во Република Македонија. Побаравме признавање од страна на ОН на Република Македонија под нејзиното уставно и историско име Македонија, побаравме признавање на Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и признавање на Македонската Нација. Побаравме да се остранат сите странси сили кои дејствуваат против Република Македонија, против Усавот и законите. Да ги остават Македонците сами да си ја решаваат иднината. На крајот, побаравме веднаш да се признае македонското малцинствата во Бугарија и Грција, – изјави Златко Николовски.

Иако не било дозволено снимањето во салата е забрането, говорот го слушнаа сите присутни преставници на членките на Обединетите Нации, истовремено преведен на повеќе јазици. Светскиот Македонски Конгрес изразува искрени честитки за мисијата на организацијата “Македонска дијаспора” од Лозана во Швајцарија на 34 сесија на Советот за човекови права при ООН во Женева и изразува подготвеност за соработка преку Постојаната мисија на СМК при ООН во Женева, Швајцарија.

Advertisement