Заменик шеф на руската дипломатија Анатолиј Антонов за нов амбасадор на Русија во САД

 

Комисијата за надворешна политика на руската Државна дума денеска ја одбори кандидатурата на актуелниот заменик шеф на руската дипломатија Анатолиј Антонов за нов амбасадор на Русија во САД.

Антонов, кој е дипломат од кариера, по повеќе години служба во мисиите на Русија во странство, од 2011 со 2016 година беше руски заменик министер за одбрана, по што лани беше именуван за втор човек на Министерството за надворешни работи.

Името на актуелниот руски амбасадор во Вашингтом, Сергеј Кисљак се споменува во скандалот околку врските меѓу членови на изборниот штаб на актуелниот американски претседател Доналд Трамп со претставници на Русија во текот на кампањата за ланските претседателски избори во САД.