Започна пописот на Македонците кои не живеат во Македонијa

Денеска почнува првата фаза на пописот. Во неа ќе бидат опфатени, Македонско национално малциство (МНМ) во сосество, дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците.

Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци кои ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики кои водат кон искоренување на сите форми на сиромаштија, нееднаквост, зачувување на животната средина, обезбедување на просперитет и мир.

Процесот на отпочнување на преговорите со ЕУ започнува и со пописот, кој е од особена важност и наша обврска како држава-кандидат за членство во ЕУ, бидејќи токму поглавјето Статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите.

Попишувањето ќе може да се изврши преку веб страницата https://stat.gov.mk и ќе трае сè до 21 април. Пописот на целото население ќе се спроведе од 1 до 20 април. Шест месеци потоа, се очекуваат и официјалните резултати и од пописот.

Advertisement