Започнаа реконструкција и проширување на патот Драгаш – Брод во областа Гора

 

Овие денови почнаа работите за проширување и реконструкција на патот од Драгаш до Брод, областа Гора, работите за проширување на патот ги изведува градежната фирма „КАГ“ проектот е финансиран од страна на Министерството за инфраструктура на Косово. Покрај проширувањето на патот со проектот е предвидено и поставување на новасвалт, како и скратување на неколку криви кои што беа непрегледни за возење.

Директорот за инфраструктура Беан Хаџиасан, кој што е и жител на селото Брод, истакна дека во претхотниот период имаше неколку тешки сообраќајни незгоди со смртни последици, така да проширувањето на патот и потполната реконструкција со скратување на кривините, покрај зголемувањето на туризмот ќе има и значајни ефекти на полето на зголемувањето на сигурноста во сообраќајот на оваа релација, особено во зимскиот период.

Областа Гора има исклучително убава природа што може да биде голема предност за развојот на туризмот како значајна стопанска гранка за населението. Во областа Гора на Косово, на падините на Шар Планина распослани се 18 села населени со Македонци.

 

Advertisement