Заштитете ги Македонците во Албанија од бугарска сгресија

Срамно е ова што се случува во Преспа во врска со пописот на населението. Преспа, област генерално заборавена од сите влади, (иако е една од најубавите области на Албанија) стана вест во медиумите и порталите. За некои тоа е сериозна вест, за многу други е претставена на комичен начин, како две држави се судираат за едно малцинство.

На подрачјето на Преспа живее македонското малцинство, тоа е неспорно!

Во последно време, со почетокот на пописот на населението се зголемија национал-шовониистичките апетити на државата со псевдоевропски бугарски пасоши, која никогаш не излезе од балканскиот менталитет.

Изненадувачки, по влезот на Бугарија во ЕУ, бугарската држава почна да дели пасоши и постепено преку национал-шовинистички политики почна да “создава” уште едно малцинство, за кое немавме слушнато порано – бугарско малцинство. Да, Балкан и се е можно. Исто како на тие атлетски натпревари, скокање со стап, Бугарите го фрлија стапот во Македонија, со кренати нозе го прескокнаа виножитото и се симнаа во Преспа.

Она што ми прави впечаток е молкот на Албанија и Македонија во однос на тоа што се случува околу пописот. Македонија и Албанија, две земји кои имаат планина проблеми, за интеграција во Европа, во можност се се’ да сторат. Секојпат кога сакаат да направат чекор поблиску до Европа, мора да дадат нешто од себе. Македонија го смени името, знамето, а којзнае уште што, како и Албанија спремна на компромис, доволно со сите да сме добро.

Некаде таму, се и жителите на Преспа, сами, без заштита, многумина од нив под притисок дека за да добијат пасош кој ќе им обезбеди работа во Европа, ќе мора да пријават националност за која никогаш не ни размислувале.

Жителите на тој крај (од каде што потекнувам) пред да бидат Македонци или Бугари се албански државјани и ние сме многу горди на тоа. Како и сите граѓани на оваа република, и жителите на овие простори, тие плаќаат даноци, работат, земаат плати и пензии, се избираат и избираат во Албанија.

На прво место, должност на албанската држава е да го заштити ова малцинство, исто како што ги штити албанските граѓани на југот на Албанија, каде што многу луѓе и поради тоа што не припаѓаат на грчката етничка припадност ја менуваат својата националност заради придобивки од грчката држава. Сосема иста е ситуацијата и во Преспа.

Се разбира, пописот е со самоидентификација и секој е слободен да ја изрази својата етничка припадност, но сепак, државата мора да се погрижи и да го осуди притисокот што се применува и во двата случаи, како на југот на Албанија, така и на подрачјето на Преспа.

Исто така, од друга страна, МНР на Македонија треба да упати протестна нота до бугарската држава со осуда за тоа што се случува, не само во Преспа, туку секаде каде што има Македонци – во Голо Брдо, Гора, во цела Албанија. И Македонија и Албанија имаат уставна обврска да ги заштитат Македонците од оваа агресија и терор.

Лично, не правам предрасуди на никого кој има добиено пасош да емигрира во Европа. Нека ја искористат оваа можност за доброто на нивните семејства. Економската неможност не прашува за националност. Земете ги вашите пасоши и изјаснете се кои сте навистина, без притисок, дури и Бугарин или Грк ако навистина така се чувствувате.

Да се надеваме дека еден ден Албанија и Македонија ќе се приклучат на европското семејство, а јас сум многу убеден дека овие проблеми со пасошите кои одредуваат националност веќе нема да постојат.

Исто така, би ве замолил да не’ поштедите од пропагандата и притисокот што се врши врз луѓето во неволја, тоа е грдо!

Во Преспа има само македонско малцинство!

П.С. Пред една година направив семеен ДНК тест, еве ги резултатите:

– 99,7% балканска (ДНК многу слична на Македонија, Грција и Албанија)

– 0% сличност со Бугарија

– 0% сличност со Србија

– 0% сличност со Источна Европа (Русија, Украина).

Само спореди малку ДНК (Македонци и Бугари) јазикот што го зборуваат и ќе видиш дека зборуваме за два различни народи./Ѓерѓи Тане

Advertisement