Затруени над 60 средношколци во Шупензи (ВИДЕО)

Најмалку 60 ученици од средното училиште во Шупензи, денеска се затруле со јаглен диоксид. Од вкупниот број 36 се хоспитазрани во регионалната болница во Пешкопеа и болницата во Булќиза, додека тројца од ученците кои биле во потешка здравствена состојба се транспортирани во Клиниката во Тирана. Поради макадамскиот пат со кој е поврзана областа со Пешкопеја и Булќиза, во транспортот на учениците биле вклучени хеликоптери на Министерството за здравство.

Станува збор за ученици на возраст од 16 до 18 години, кои имале симптоми на труење од чад,како што се болки во главата, повраќање, вртоглавица. Учениците биле на настава кога бил ставен во функција новот котел од системот за парно греење на пелети,по што блокираниот оџак ги наполнил училниците со јаглен диоксид. Градоначалнкот на Булќиза, Мелаим Дамза изјави дека станува збор за несреќен случај, бдејќи претходно тестирање било извршено без присуство на ученици при што се било во ред.

 

Advertisement