Заврши реновирањето на манастирската црква Света Марена во село Туминец, општина Пустец

Заврши реновирањето на манастирската црква Света Марена во село Туминец, општина Пустец, областа Преспа, Албанија.

Се реновираа таванот и ѕидовите на црквата Света Марена, а реновирањето продолжува со поплочување на подот и со зографирање на ѕидовите и таванот.

Реновирањето на манастирската црква Света Марена е благодарение на донациите од верниците во Македонската православна црковна општина Света Недела во Ејџекс, Канада.

Господ Бог нека ги благослови сите дарители на манастирската црква Света Марена во Пустец, – изјави црковниот одбор на манастирот Света Марена во Туминец.