Завршија преговорите меѓу Русија, САД и Украина во Абу Даби

Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денеска во Абу Даби. Сите делегации го напуштија местото на состанокот во придружба на полициски возила. Преговорите се одржаа зад затворени врати, без присуство на медиумите.

Руските медиуми потсетуваат дека за време на првиот ден од разговорите, кои траеја речиси четири часа, украинското прашање беше само една од темите, а главниот фокус беше на формирањета нов безбедносен систем во Европа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека руската делегација редовно го информира рускиот претседател Владимир Путин за напредокот на преговорите.

Руската делегација ја предводи помошникот на претседателот на Русија, Владимир Медински, а ја сочинуваат заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Игор Костјуков, и неговиот заменик, Јуриј Жигарловски.

Шеф на украинската делегација е шефот на Службата за надворешно разузнавање на Украина, Рустем Умеров, а меѓу нејзините членови се шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирил Буданов, претседателот на парламентарната група на владејачката партија Слуга на народот, Давид Арахамија, првиот заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, Сергеј Кислита, и заменик-шефот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР), Вадим Скибицки.

Во име на САД учествуваа специјалниот пратеник на претседателот, Стив Виткоф, зетот на претседателот, Џаред Кушнер, и врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, Алексус Гринкевич.

Исто така, во Абу Даби пристигнаа претставници на европски земји, но не учествуваа во преговорите, затоа што руската делегација не го дозволи тоа и не сакаше да се сретна со нив, соопштија руските медиуми.